1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џанфранко Фини во Косово

29 декември 2005

,, Косово нема никогаш да биде независно доколку не стане мултиетничко“ изјави министерот за надворешни работи на Италија Џанфранко Фини, кој вчера престојуваше во покраината.

https://p.dw.com/p/AcZi
Џанфранко Фини
Џанфранко ФиниФотографија: AP

Фини, по средбата со косовскиот премиер Бајрам Косуми, го посети манастрирот Високи Дечани и од таму изјави дека на Косово му е потребно европско решение.

,, Европската Унија треба да биде активен учесник во преговорите за статусот на Косово, ја пренесе агенцијата Косовалајф неговата изјава. Според италијанскиот шеф на дипломатијата, жителите на покраината треба да знаат дека тоа не е само нивно прашање. ,, Тоа е прашање и на Србите и сите други кои живеат на таа територија“ изјави Фини.

Со своите домаќини, црковните великодостојници, тој не разговарал за политика, туки, како што изјави еден од владиците, се интересирал за животот во манастирот Дечани. Црковните лица пак, му се заблагодариле на ѕаштитата од италијанските сили на КФОР кои веќе седум години ги обезбедуваат манастирите на Косово.

Следната станица од балканската турнеја на Џанфранко Фини, кој на Косово допатува од Белград, е Тирана.