1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се изготви карта на мозокот

13 април 2007

Што е тоа што не функционира како што треба во мозокот кога се појавуваат тешки неизлечиви болести? Научниците на научниот центар Јулих сакаат да дадат одговор на ова прашање меѓу другото и со картографирање на мозокот

https://p.dw.com/p/Aebw
Фотографија: AP

Во медицнискиот институт на научниот центар Јулих, научниците работат на иднината. Животниот век на човекот постојано се зголемува. Затоа се почесто се јавуваат и типичните заболувања на централниот нервен систем кај постарите луѓе. На пример Алцхајмер или Паркинсон, но исто така и психички заболувања. Што не функционира како што треба во мозокот кога се појавуваат такви болести? Научниците на научниот центар Јулих сакаат да дадат одговор на ова прашање меѓу другото и со картографирање на мозокот.

Научниците работат веќе 15 години работат на вој проект

Белиот мантил и ракавиците се задолжителни во институтот за медицина, особено во лабораторијата. Во еден од шкафовите се наредени околу дванаесет бели пластични садови. Во воздухот се чуствува оштар мирис на формалин. Сретството е потребно за да се конзервираат мозоците на починати луѓе, кои се чуваат во садовите. Што потоа се случува, ни објаснува професорката Карин Амунтс:

„Ние ги сечеме мозоците на повеќе илјади резенки кои потоа ги фарбаме. На исфарбаните резанки можат да се разликуваат различни региони на мозокот, кои припаѓаат на различни функции.“

Научниците сакаат да изработат тридимензионална карта на мозокот

Овој амбициозен проект започна пред 15 години, а одговорна за проектот заедно со нејзината работна група е Карин Амунтс:

„ Тоа можете да си го замислите вака, мозочните региони кои се одговорни за движење, под микроскоп изгледаат сосема поинаку од регионите одговорни за гледање и слушање.“

Тоа што може да се види под микроскоп се нервните клетки кои градат единечни или групирани мустри . На тој начин се забележуваат разлики во градбата на мозокот кои потоа се пренесуваат на картата. Таа пак кога ќе биде завршена ќе биде далеку поточна од нејзиниот претходник, објаснува Амунтс:

„Постои една многу стара карта на мозокот, уште од 1909 година. На неа се разликуваат околу 40 до 50 ареали. Нашата карта се разбира ќе има многу повеќе. Целиот проект бара многу време. Некои предели се лесни за картографирање и се веќе готови, но други се многу потешки.“

За еден ареал или предел е потребна околу една година

Само 40 проценти од сите ареали се досега картографирани. Во моментов работиме на пределот одговорен за гледање. Притоа се наоѓаат сигнификантни разлики помеѓу мажите и жените, вели Амунтс:

„Сеуште не знаеме какви последици има тоа врз однесувањето, но знаеме дека има разлики на ова микроструктурно ниво помеѓу мажите и жените. Тоа веројатно има врска и со функцијата на мозокот, бидејќи градбата и функцијата на мозокот се тесни поврзани.“

Дали можеме да заклучиме дека мажите гледаат подобро од жените само затоа што мозочните функции во овој предел на мозокот се поспецифични? Карин Амунтс не се согласува со тоа:

„Психолозите пронајдоа дека мажите имаат подобри резултати во тестови за просторно визуелна претстава. Еден пример за тест е на пример паркирањето автомобил. Но, проблемот е во тоа што паркирањето не е само една мозочна функција, туку дека при паркирањето игра голема улога и тоа дали покрај жената седи мажот и постојано ја критикува и со тоа ја нервира жената, која пак поради тоа полошо паркира.“

За да се пронајдат објективни разлики во однесувањето во иднина експериментите за гледање ќе бидат надополнети со магнетно резонантни томографи. Мажите и жените мораат притоа да извршат неколку задачи. Доколку притоа се активираат различни нервни мрежи, тоа ќе биде доказ дека мозоците кај различните полови различно функционираат. Тоа наскоро ќе биде испитано на универзитето во Келн.

За потполно картографирање на мозокот на научниците им се потребни уште пет години

Но, на крајот од тоа ќе профитираат многу луѓе:

„Пациентите кои имале мозочен удар, или пак пациентите со тумор кој мора да се оперираат. Многу е важно да се знае дали во пределот каде што се наоѓа туморот се наоѓаат и делови одговорни за важни функции. “

Новата карта освен тоа ќе помогне и во дијагностицирањето на невролошки и психијатриски заболувања или пак да се истражи дејството на одредени лекови.