1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли насилства на Косово?

9 декември 2007

Утре е десетти декември, денот кога и формално завршуваат преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. Според дел од експертите нема да има насилства на Косово. Други предупредуваат од спротивното.

https://p.dw.com/p/CZKS
Хавиер СоланаФотографија: AP
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана не очекува насилства на Косово по десетти декември, денот кога и официјално завршуваат преговорите за статусот меѓу Белград и Приштина. Во интервјуто за денешен Велт Ам Зонтаг, Солана вели: „очекувам Србите и косовските Албанци да бидат разумни и дека нема да ја загрозат стаблиноста на Балканот„. Според него преговорите иако се оценети како неуспешни сепак донеле напредок. Дветете страни се согласни дека иднината им е во ЕУ, вели Солана.
Брок: статус кво може да предизвика тензии
Германскиот европратеник Елмар Брок пак смета дека ако на Косово ситуацијата остане статус кво, тогаш се можни насилства. Брок за Дојче Веле изјави и дека очекува едниствен ставн во ЕУ по ова прашање.
„Шансите за тоа се добри. Само малку земји кои имаат проблем. Затоа особено е важно да се надминат меѓусебните разлики во Унијата. А и Косово да добие време од неколку недели во кои треба да ги исполнат предусловите запишани во планот на Ахтисари. И на тој начин да се добие шанса да се избегнат конфликти“.
Џексон: постои опасност од етничко насилство
Поранешниот командант на КФОР, британскиот генерал Мајкл Џексон пак смета дека несредената ситуација кој во моментов владее на Косово се заканува да предизвика етничко насилство. Во авторскиот текст објавен во денешен „Сандеј телеграф“, Џексон предупредува дека сите страни мора „претпазливо да напредуваат“, бидејќи ситуацијата е многу деликатна. „Не смее да се потценува нестабилната состојба. Без разлика што српските и приштинските власти тврдат дека ќе одбегнуваат примена на насилство за да ги постигнат целите, тоа не се однесува и на паравоените формации“, наведува Џексон. Поранешниот шеф на генералштабот на британската копнена војска во пензија прашува и што ќе се случи со мисијата на ОН, во случај на прогласување на независност, односно дали земјите кои ќе ја признаа ќе се повлечат од Косово, а таму ќе останат само оние кои нема да го признаат независно Косово?“. Џексон заклучува “не верувам дека Србите би биле толку глупави да упаднат на Косово пред носот на КФОР, но стравувам од етничко насилство.“