1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг - Позитивен исход од преговорите ќе поттикне вистински развој на Косово

5 септември 2006

“Кризите треба да се спречат на изворот, а не кога ќе стигнат до нас. Воениот ангажман е можен доколку е оправдан со одбрани демократски вредности, со националните интереси или со меѓународните обврски”. Вака синоќа, министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг ја опиша улогата на германските воени мисии на Бундесверот за време на дебатата која се одвиваше во пленарната сала на стариот парламент во Бон. За уло

https://p.dw.com/p/Adi9
Франц Јозеф Јунг
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

�ата на Бундесверот на Балканот Јунг зборуваше и за Дојче Веле.

Учеството во акцијата во 1999 беше опасно, но придонесе кон стабилизација на состојбата на Косово, нагласи германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, сумирајќи ги состојбите на Балканот по завршувањето на “студената војна”. Тој додаде:

“Не можеше ниту да се замисли дека само неколку години подоцна во Европа ќе дојде до нови силувања, масовни протерувања, па и граѓански војни. Видовме колку воени бегалци поради тоа дојдоа во Германија. Затоа беше исправно заедно со НАТО да придонесеме кон стабилизација на регионот.”

Јунг укажа на одговорноста која ја има Берлин за понатамошен развој во Босна и Херцеговина, каде од декември уште еден Германец, покрај високиот европски претставник, Кристијан Шварц Шилинг ќе преземе висока функција : командата над трупите на ЕУФОР. Се надевам дека таму ќе помогнеме во пружањето на европска перспектива, рече Јунг и додаде дека истото важи и за Косово, каде првите луѓе на КФОР, УНМИК и ОБСЕ се Германци.

Запрашан како по минатонеделната посета на Косово оцени дека покраината се стабилизира кога ова лето КФОР доби и дополнителен конгингент војници, министерот Јунг одговори:

“Со тоа се пружа дополнителна поддршка за преговорите за статусот и дополнително се стабилизира ситуацијата во северните области, за токму за време на преговорите да се гарантира стабилност. Сметам дека е тоа важно и за самите преговори.”

Јунг потврди дека со претставниците на УНМИК и косовската влада разговарал околу преговорите за статусот кои се под водство на Марти Ахтисари.

“Можам само да кажам дека се надеваме и дека му посакуваме на Ахтисари да биде успешен во тоа бидејќи позитивен исход на тие преговори за статусот ќе ги поттурне процесите на Косово во одлучувачка насока. Тоа се однесува и на економскиот развој на регионот, но и на европската перспектива. Сметам декае тоа важно и за луѓето таму. Моето чуство е дека тие луѓе сакат да живеат заедно и во добри односи, и дека ни е неопходна соодветна политичка рамка за тоа да биде гарантирано и во иднината.”

Коментирајќи ја за ДВ можноста за заеднички живот на Косово, ситуацијата во која албанското мнозинство и српското малцинство живеат целосно одделено, Франц Јозеф Јунг оценува:

“Тоа што сега го велите, јас не го забележав кај населението. Можам само да повторам дека се надевам оти Марти Ахтисари ќе има успех во работата. Ги поддржувамн неговите напори да се дојде до добро решение околу прашањето за статусот.”

Германскиот министер за одбрана во интервју за ДВ зборува и за ситуацијата во Босна и Херцеговина, каде воочи парламентарните избори поради острите изјави на претставниците на трите народи политичката ситуација е заострена.

“Се надевам дека по изборите состојбата ќе се промени. И во другите земји, за време на предизборната политичка кампања тонот се заострува, па се надевам дека по изборите ситуацијата во Босна и Хердеговина ќе се развива позитивно. Врз основа на разговоирите кои ги водев во Кристијан Шварц-Шилинг ја сум оптимист. И на Босна и Херцеговина и е потребна европска перспектива па сметам дека им е во интерес и на луѓето кои се таму, работите по изборите да тргнат во таа насока.”.