1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг на Косово

1 септември 2006

Германија по трети пат ја презема командата врз силите на КФОР на Косово. Германскиот генерал Роланд Катер, во следната година ќе биде на чело на 17 000 војници кои доаѓаат од 35 земји. На денешната свеченост во Приштина ќе присуствува и германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг. Министерот кој е во дводневна посета на покраината, денеска ќе има средби со косовските власти. Вчера беше да ги посети војниц

https://p.dw.com/p/AdUH
Франц Јозеф Јунг
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

�те не Бундесверот во местото Бистрица.

Опкружен со неколку генерали кои во изминатите години беа на чело на германскиот контингент во Призрен, германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг беше да ги види војниците на Бундесверот кои се на служба во Косово. Јунг беше задоволен од фактот дека неговите војници се добро прифатени од локалното население. На импровизираната прес конференција изрази надеж од позитивен исход за преговорите:

„Јас се надевам дека преговорите за решавање на статусот на Косово ќе дадат позитивни резултати и дека тоа ќе биде услов за економски развој и приближување кон Европа.“

Јунг сепак смета дека е рано за креирање на косовска војска, бидејќи приоритет се разговорите околу статусот. Меѓународните војници се таму да ја гарантираат безбедноста, категоричен беше Јунг. Запрашан дали стравуваат од Србите на Косово, во случај покраината да добие независност Јунг одговори:

„Не се плашиме и немаме предзнаци за такво нешто, Нашата цел е за време на преговорите на Косово да гарантираме оптимална безбедност. Се радувам дека нашите сили се многу добро и пријателски примени на северот на Косово од локалните Срби“.

Околу германскиот став за конечниот статус на Косово, Јунг нагласи дека и тие го поддржуваат специјалниот пратеник Ахтисари и решението кое тој ќе го предложи како најдобро:

„Поддржувајте го Марти Ахтисари, зближувајте се едни со други и заедно одете кон подобрата иднина“, им порача германскиот министер за одбрана Јунг на жителите на Косово.