1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во Приштина против поделба на Косово

31 август 2007

Франција Франц Јозеф Јунг и Ерве Моран денеска упатија апел до Србите и Албанците на Косово до крајот на годината да го отворат патот за мирно решавање на иднината на покраината.

https://p.dw.com/p/BaAa
Јунг со германски војник кај Призрен, при претходната посета на КосовоФотографија: AP

Министрите за одбрана на Германија и “Обете страни треба да овозможат приближување“ - порача гостинот од Берлин по разговорите во Приштина.

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг по средбата со косовскиот Претседател Фатмир Сејдиу изјави дека поделбата на Косово би било погрешно решение. Според него, за НАТО и за ЕУ предлогот на Марти Ахтисари и понатаму останува најдобро решение за проблемот со статусот. Високиот гостин од Берлин исто така изрази задоволство што се вложуваат напори дополнителните преговори за Косово во Виена да се завршат до 10. декември. Тој исто така побара сите да се воздржат од било какви дејства што би довеле до немири и би го загрозиле процесот на донесување заедничко решение.

“Се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме можност овде да го славиме заеднички решението за статусот на Косово, што би му го отворило патот за подобра иднина.“

Косовскиот премиер Агим Чеку по средбата со Јунг најави дека доколку разговорите бидат неуспешни, тогаш Косово еднострано ќе прогласи независност. “Во таков случај очекуваме ЕУ да не‘ признае!“ - нагласи Чеку.

Јунг во Приштина имаше средба и со шефот на УНМИК Јоаким Рикер. На крајот тој присуствуваше и на смената на главниот комендант на КФОР силите. Германскиот генерал Роланд Катер при тоа му ја предаде должноста на францускиот колега Гзавије Бо де Марнак.