1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во посета на Балкан

Томас Нелс29 август 2007

Германскиот министер за одбрана најпрво ќе води разговори во Хрватска,утре ќе ги посети Македонија и Албанија,а в петок Косово.Во центарот на разговорите ќе биде идниот статус на покраината

https://p.dw.com/p/BZCO
Фотографија: AP

Посетата на германскиот министер за одбрана има повеќе политички отколку воени цели.Не само на Косово,четвртата и последна станица,се работи за итно потребното разјаснување на статусот на српската покраина која од 1999 година се наоѓа под управа на ОН,што значи и за иднината на регионот кој го надгледуваат трупите на КФОР.

До десетти декември на генералниот секретар на ОН треба да му биде поднесен предлог од Тројката,ЕУ,Русија и САД,за кој би требало да бидат согласни и српското малцинство и албанското мнозинство.А дотогаш секое посредување во тешкиот процес на постигнување решение е добредојдено.Франц Јозеф Јунг може да се потпре и на целосна поддршка на својот колега од кабинетот,Франк Валтер Штајнмаер,како што потврдува и неговата портпаролка Јулија Грос:

„Сите знаеме дека процесот на преговори,кој повторно започна,не може да биде без временски рок,но се надеваме дека тој ќе овозможи да имаме стабилно,демократско и мултиетничко Косово.Се разбира,се надеваме дека во секоја форма,секоја иницијатива,посета и разговори кои се водат,на двете страни ќе им биде предочено дека ова е шанса која навистина мора да ја искористат.“

Хрватска,Македонија и Албанија чекаат влез во НАТО

Идниот статус на Косово не е единственото прапшање на кое се бараат одговори на Балканот.Во првите три станици,Хрватска,Македонија и Албанија,веќе подолго време погледите се насочени засилено кон Западот,вели доктор Франц Лотар Алтман,раководител на Одделението за истражување на Балканот на Берлинската фондација за наука и политика:

„Трите земји се надеваат дека на следниот самит на НАТО во Букурешт ќе добијат покани за членство во НАТО.Тоа се разбира,одделните држави од Алијансата треба да го договорат,а Германија е важна членка во НАТО и фактор,што значи,нашиот министер за одбрана во овие три земји ќе се информира како течат подготовките,дали се навистина стигнати дотаму да станат членки.“

Германија има голем углед на Балканот

Мисијата на Бундесверот на Балканот во последно време,особено во БиХ е значително редуцирана,но со сегашните 2250 војници на Косово е сеуште најголем КФОР контонгент.Министерот за одбрана на Германија Јунг в петок ќе присуствува на смената на челото на командата на КФОР.Германскиот генералпотполковник Роланд Катер ќе ја предаде должноста на својот француски колега.Но, ценетоста на Германија со тоа не се намалува,предвидува аналитичарот Алтман:

„Зачудувачки е секогаш одново што Германија и покрај своето минатот од Втората светска војна на Балканот ужива добар глас.Тоа зависи се разбира и од преземањето на задачите од страна на Бундесверот на Балканот кои не се чисто воени,на пример ангажман во изградба на инфраструктурата и обновата.“

Аналитичарот констатира согласност и во спротивната насока:за разлика од други мисии во странство на Бундесверот,на пример во Авганистан,ангажманот на Косово не е спорен во германската јавност:

„Мисијата на Балканот се посматра како нужна кај народот и тоа со право.Зашто,јасно е дека без овој ангажман директното соседство ќе остане во немири,поради што се можни бегалски бранови,миграција,што директно би не засегнало,“ вели Алтман.