1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јап де Хоп Шефер - нов генерален секретар на НАТО

30 декември 2003
https://p.dw.com/p/Af2W

Членките на НАТО на 22 септември 2003 официјално решија наследник на досегашниот генерален секретар на алијансата Џоџ Робертсон да биде холандскиот министер за надворешни работи Јап де Хоп Шефер. Оваа функција традиционално ја добива Европеец, додека САД го поставуваат врховниот командант на НАТО. Јап де Хоп Шефер е нецели две години холандски министер за надворешни работи. За тоа време конзервативниот мајстор на тивка работа успеа многу да направи, тврдат политичките посматрачи во Хаг. 55- годишниот христијански демократ, кој сега ја презема функцијата генерален секретар на НАТО, меѓу колегите важи за солиден и сигурен дипломат. Тоа беше и причината што Германија и Франција ги напуштија своите првобитни двоумења за него. Особено Франција критикуваше дека Хоп Шефер се залагаше за американско- британската акција во Ирак. За некои европски земји членки на НАТО, Шефер важи за проамерикански ориентиран.Токму тоа пак и се допадна на Белата куќа во Вашингтон која јасно ја поддржа неговата кандидатура. А, без согласност на САД, најмоќната воена сила во алијансата не може да се случи ниту изборот на генерален секретар на НАТО. Мнозинството европски земји, конечно се приклучија кон САД, а Канада го повлече својот кандидат. Јап де Хоп Шефер, близок соработник на холандскиот премиер Јан Петер Балкененде, себе си се претставува како "атлантист". Тоа значи дека се залага за тесна соработка со САД, но ја подвлекува и европската самостојност. Од јануари започнува и неговото искуство во водечките меѓународни институции. НАТО го познава од сопствените искуства. Кон крајот на седумдесеттите во бриселската главна команда започна неговата дипломатска кариера. Беше и лидер на опозицијата во холандскиот парламент. Но, кога дојде времето да се најде шеф на владата, тој беше одминат. За неговите партиски пријатели тој важи како премногу фин. По победата на демохристијаните Балкененде го зеде во својот кабинет. Најдобрата особина со која располага за новата функција е неговата способност за баланс меѓу различните интереси. На дипломираниот правник ќе му биде потребан голема дипломатска вештина за да ги премостува јазовите во НАТО што се појавија по војната во Ирак. Освен тоа во 2004 претстои приемот на седум нови европски држави во алијансата.