1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јавна опомена за пратениците кои се степаа

ЕМФ/миа27 август 2014

На ад-хок координативната средба на пратеничките групи кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е донесена одлука за јавна опомена на пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во инцидентот во парламентот.

https://p.dw.com/p/1D2dp
Фотографија: MIA

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, на почетокот на 12. пленарна седница, соопшти дека јавната опомена е донесена врз основа на член 43 став 4 од Законот за Собрание.

„Како пратеник, како претседател на Собранието на Република Македонија, а пред се‘ како човек, не можам да го прифатам насилството како начин за решавање на политичките или програмските расправи. Мислам дека само со заемно почитување и толеранција можеме да создадеме многу повисока политичка култура која ќе се темели врз принципите на демократијата дефинирана со онаа позната мисла на Волтер“, рече Вељаноски.

Тој укажа дека само преку почитување на културата на дијалог и моќта на аргументите може најдобро и најефикасно да се артикулираат интересите и потребите на избирачите кои им го доделиле мандатот на пратениците. На денешната (27.06) собраниска седница не присуствуваат пратениците на ДПА, кои по инцидентот соопштија дека се повлекуваат од работата на Собранието.