1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрук на Косово

5 октомври 2004

на негов демократски развој, изјави вчера во Призрен германскиот министер Косово е од големо значење за Германија и германските војници ќе работат за одбрана Петер Штрук, при посетата на германскиот контингент во состав на силите на КФОР.

https://p.dw.com/p/Ad3m
Петер Штрук
Петер ШтрукФотографија: AP

Според Штрук, полциските сили во покраината треба да се зајакнат за сметка на воените.

Германскиот министер за одбрана ги бранеше војниците на КФОР кои беа изложени на остри критики од УНМИК кој на Бундесверот му префрли дека војниците не реагирале соодветно во спречување на немирите од Март годинава. Штрук нагласи дека работата околу состојбата на Косово, која не е доволно стабилна и бебзедна, полека треба да ја превземе полицијата, додавајќи дека не е наша работа да му помагаме на УНМИК.

"Во ЕУ ќе мора да водиме дебата, а потоа и заедно со ОН за зајакнување на полициските сили. Зголемување на бројот на полицајците наместо војници кои треба да се редуцираат, бидејќи задачите на Косово стануваат повеќе полициски, отколку воени, рече Штрук.

Изјавата на германскиот министер за одбрана за полициските сили на ОН на Косово не е коректна. Франк Хансен потсетува дека за покраината постои резолуција донесена од страна на ОН

"Оној што го вели ова треба да знае дека постои резолуцијата 1244 на ОН која важи за КФОР и УНМИК и таа е основа на нашата соработка, затоа ваква реченица сигурно не е коректна ниту пак води кон цел“

Германскиот министер за одбрана во рамките на посетата на Косово го посети и местото каде во Март беше убиен еден српски цивил, за чија смрт Бундесверот дозна дури неколку месеци подоцна

“Тажно е да се види простор во кој што еден човек загинал, да се види дека не се успеало смртта да биде спречена од силите на КФОР и УНМИК, рече Штрук кој при посетата на Косово оствари средба и со шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен.