1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрук во куса посета на Авганистан

27 септември 2004

Германскиот министер за одбрана, Петер Штрук, ги посети војниците на Бундесверот во северноавганистанските градови Кундус и Фејсабад. Штрук нагласи дека концептот на тимовите за обнова е неопходен.

https://p.dw.com/p/Ad4J
Штрук во Авганистан
Штрук во АвганистанФотографија: dpa

Жешко, полно со прашина и напорно. Такво беше 24 часовното патување на Петер Штрук во Северен Авганистан. На лицето можеа да му се видат трагите од ноќниот лет до Авганистан и двете посети на тимовите за обнова. Но, тој си ја заврши работата вообичаено одлучно. Не остави простор за сомневање дека работата на тимовите за обнова ја смета за неопходна, и тоа токму сега пред изборите на деветти окотмври, кога присуството на војниците на Бундесверот надвор од границите на Кабул е важно.

Штрук повторно застана зад своите војници, кога станува збор за нивното исполнување на задачите. На седми септември во Фејсабад дојде до безредија насочени против оние што помагаат во обновата. Бундесверот се грижеше за повредените, но не се вмеша, што во германските медиуми беше критикувано од страна на цивилните хуманитарци. Министерот за одбрана ваквите обвинувања ги нарече бесрамни и застана зад своите трупи. На војниците нема што да им се префрла. Со демонстрантите требаше да излезе на крај авганистанската полиција. Тоа е нејзина задача, вели Штрук:

”Мора постојано да укажуваме на тоа дека не дејствуваме наместо авганистанската полиција, туку дејствуваме тогаш кога авганистанските власти ќе не замолат за помош. А, тоа во немирите од седми септември не беше случај.”

Министерот во Авганистан беше придружуван до петмина парламентарци. Во четврток во Бундестагот треба да се разговара за породлжување на мандатот во Авганистан, а либералите и партиите на унијата се скептични пред се во поглед на работата на тимовите за обнова во Фејсабад. Тие критикуваат дека останатите НАТО држави досега се ангажираат просечно.