1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што значи грчки банкрот за Германија?

К. Швајцер / ЕМФ29 јуни 2015

Банкротот на Грција е се‘ поблиску. Тоа има последици не само за Грција, туку и за нејзините доверители. Во изминатите години во Атина се влеаја милијарди евра помош и кредити. Тие пари во случај на банкрот ќе „изгорат“.

https://p.dw.com/p/1FozQ
Фотографија: picture alliance/dpa

Колку што брзо еврата течат кон Атина, толку бргу ги снемува. Грција со години зависи од помошта на меѓународните кредитори.

Притоа, сумите се прилично големи. Најмногу пари даваат земјите од еврозоната. Тие во изминатите години на Атина и‘ставиле на располагање 184 милијарди евра. И ММФ побрза да помогне, досега со 32 милијарди евра.

Освен тоа, грчките банки добиваат и пари од ЕЦБ. Досега се дадени 100 милијарди евра итни кредити.

Не е чудо што погледот кон Атина ги прави доверителите се‘ понервозни. Политичарите во земјите кои двааат пари конечно имаат обврска пред своите избирачи да се погрижат дадените пари за помош да се вратат.

На пример, Германија. Таа во помошта што ја даваат евро-државите учествува со 54 милијарди евра. Кон тоа треба да се додаде и германскиот удел во кредитите на ММФ - околу 2 милијарди евра. И за парите од ЕЦБ Германија гарантира со околу 30 милијарди евра.

Голем дел од Германците веруваат дека парите се загубени. Една жена вели:

„Тоа нема да се врати. И да дадеме нови пари, и нив ќе ги снема.“

Друг Германец е уверен:

„Не може постојано да се пумпаат пари, а ништо да не се враќа.“

Значи, за политичарите ќе биде тешко пред избирачите да оправдаат одобрување натамошна помош.

Колку пари ќе загуби Германија ако Грција банкротира?