1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„НСА-шпионажата ќе има последици “

Рихард Фукс / ЕМФ26 јуни 2015

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер смета дека прислушувањето во Франција од страна на НСА е товар за трансатлантските односи. Штајнмајер зборуваше ексклузивно за ДВ.

https://p.dw.com/p/1FnMB
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер очекува шпионирањето на француската влада од страна на НСА да има последици по односите меѓу Париз и Вашингтон. Постапките на американската тајна служба „ќе предизвикаатт поголеми иритиации“, изјави мниистерот во интервју за Дојче веле. Кога во вторникот вечерта беше обелоденето наводното прислушување на повеќе француски претседатели од страна на НСА, Штајнмајер во Париз беше заедно со францускиот колега Фабиус. Сега објавените информации, за чија вистинитост Штајнмајер, како што вели, не може да каже ништо, „нема да го направат поедноставен меѓусебниот однос“. Се разбира, во Франција има иритации како и во остатокот од светот. За германската страна шефот на дипломатијата вели дека може да каже оти „во последно време ние научивме работи за активностите на тајните служби“, па „подготвени сме на едно или друго“.

„Да се спречи насилство во источна Украина“

Во интервјуто за ДВ министерот Штајнмајер зборува и за насилствто во источна Украина кое не запира. Тој ја опоменува „особено руската страна“, „да не учи од времињата на Студената војна“. Особено погрешна, според него, е најавата на Русија за зголемување на бројот на ракети со долг дострел. Околу ситуацијата во источна Украина, каде речиси секојдневно се крши примирјето договорено во Минск, Штајнмајер вели: „Баравме заеднички можности за намалување на обемот на насилството кое повторно ескалира.“ Штајнамер во вторникот во Париз со министрите за надворешни работи на Франција, Русија и Украина договори локален прекин на огнот во селото Широкине, во близина на градот Мариупол. Во интервјуто за ДВ германскиот министер ја брани дипломатијата со ситни чекори, која според многумина набљудувачи значи застој. „Не може се‘ да се прави одеднаш и затоа сметавме дека ни се потребни случаи за пример.“

Со ситни дипломатски чекори до успех?

Со вакви локални прекини на огнот, доколку тие се одржуваат, би требало да се смири регионот и да се почитува примирјето. Договорот од Минск, според Штајнмајер, и натаму е вистински одговор на ситуацијата. Тој сепак ги обвини и Украина и Русија за недоволно волја за спроведување на тој договор. „Страните во конфликтот не прават доволно напори за навистина и брзо да ги спроведат во дело обврските преземени со договорот.“ Затоа, според Штајнмајер, продолжувањето на санкциите против Русија од страна на ЕУ е исправно: „Рековме дека санкциите ќе мора да се продолжат доколку договорот од Минск не биде значително спроведен, а тоа очигледно не е случај.“

Дури и ако ситуацијата во источна Украина е многу фрагилна и може да ескалира во секое време, ангажманот на Франција и Германија и натаму е важен за смирување на конфликтот, дури и ако понекогаш работите се придвижуваат само „сантиметар или милиметар“ нанапред, оценува Штајнмајер. „Пред се‘, мора да внимаваме на тоа ако дојде до ескалација на насилство, тоа да не излезе сосема од контрола“, нагласи министерот. Тоа на јавноста и‘ се чини како многу малку, но за учесниците во прегвоорите тоа е многу, вели во интервју за ДВ германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.