1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер: Европската перспектива за З. Балкан треба да биде одржана

5 септември 2006

Но, германскиот министер за надворешни работи е согласен со толкувањата дека европска перспектива не мора да значи и членство во ЕУ

https://p.dw.com/p/AdUA
Франк-Валтер Штајнмаер
Франк-Валтер ШтајнмаерФотографија: AP

Прашањето за уставот на европската унија и натаму е под дебел мраз, со тоа, пак речиси сосем замре и дебатата за натамошното проширување на ЕУ. На оваа тема вчера (04. септември), на традиционалната средба со амбасадорите на Германија, се задржа германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во говорот околу насоките на германската политика. Притоа Штајнмаер рече:

„Кај темата за проширувањето на ЕУ, работите стојат така, што и во Европа се’ е меѓусебно поврзано и ако ние не оствариме напредок кај прашањето за уставот, отпаѓа и прашањето за проширувањето. Политички, во секој случај, се поставува прашање дали е тоа одговорно со поглед кон тие региони, на кои ние им понудивме европска перспектива. Но, европска перспектива не значи и членство - тука луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер е сосем во право и и јас така сметам. Во тешките региони на Западен Балкан целата стабилизирачка работа се темели врз надежта за таа европска перспектива и таа треба да биде одржана.

Ако ние, обратно, сега дебата за проширување ја водиме со цел да се запре секое размислувања за проширување, тогаш мислам дека го дестабилизираме просторот близок до Европа на начин што ќе има последици за нас кои сме веќе членови на ЕУ. Оттука, во телата во кои го кажувам својот збор пледирам дискусијата за проширувањето, колку и да е тешко да се води таа во земјите членки – па и кај нас исто така, да ја водиме со одговорност и далекусежен поглед и со земање предвид на она што го реков“ – изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.