1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнбрик предупредува дека кризата е далеку од завршена

ZDF/Агенции26 октомври 2008

Министерот за финансии на Германија ги предупреди банкарските менаџери на потребата од прифаќање на државната помош. Европа и Азија на самитот во Пекинг, се согласија на суштинска реформа на финансискиот систем.

https://p.dw.com/p/FgxD
Пер ШтајнбрикФотографија: AP

Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик, предупреди дека финансиската криза е далеку од завршена. Во интервју за неделникот „Билд ам Зонтаг„ тој ги повика банките во Германија да ја прифатат државната помош.

Министерот за финансии предупреди на лошото мислење на дел од менаџерите во однос на финансискиот пакет. Неодговорно е кога раководствата на банките не ја користат финансиската помош под капа на државата, заради тоа што сакаат во јавноста да остават впечаток дека нивните институции се стабилни. Исто така стравот од можни кратења на платите, не е причина за таквиот однос.

Штајнбрик истовремено предупреди дека Германија и натаму се справува со опасна ситуација и додаде дека владиниот пакет за спас на загрозените банки, вреден 480 милијарди евра, ќе трае до крајот на наредната 2009 година. Според неговите проценки, дури меѓу 2010 и 2013 година, ќе може да се оцени колку биле успешни мерките кои ги презела државата.

Инаку покрај баварската „Баерн ЛБ„ банка за користење на државна помош се јавија и уште две банки. Весникот Шпигел пишува дека една од нив е „Вест ЛБ„ банката од Дизелдорф. Помош од државата ќе побара и „ХСХ Нордбанк„ од Хамбург. Според информациите од раководството, на банката и се потребни државни гаранции само за кредитното работење.

Меркел: Потребна е институција која ќе се грижи сериозно

Коментарите на министерот за финансии доаѓаат во услови кога канцеларката Ангела Меркел повикува на потесна регулатива и супевизија на финансискиот пазар.
Belgien EU Gipfel in Brüssel Deutschland Angela Merkel
Ангела МеркелФотографија: AP

Имено на крајот на Азиско европскиот самит „АСЕМ„ во Пекинг, Меркел повика на усвојување на еден вистински светски финансиски устав. Документот според нејзе треба да биде донесен на светскиот финансиски самит кој ќе се одржи на средината на ноември. Учесниците на самитот во Пекинг, инаку се согласија на реформи во светскиот финансиски систем. Тие се заложија за засилена улога на Меѓународниот монетарен фонд, во справувањето со финансиската криза:

„Потребна ни е институција, која посериозно ќе се грижи. Со оглед на сите сомнежи во однос на Меѓународен монетарен фонд, мислам дека стана јасно дека тоа е инститција на која може да и се префрлат повеќе одговорности„ изјави Меркел