1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер: ”Ирачаните ќе му веруваат на НАТО исто колку на коалиционите сили”

19 мај 2004

Германскиот канцелар Герхард Шредер изрази сомневање во ставот дека заеднички ангажман на НАТО во Ирак би бил вистинскиот инструмент за стабилизација на ситуацијата во таа земја.

https://p.dw.com/p/AdCj
Герхард Шредер
Герхард ШредерФотографија: AP

По средбата со белгискиот премиер, Ги Ферхофстад, Шредер во Брисел изјави дека ирачкото население веројатно на НАТО нема да му верува повеќе отколку на сегашните коалициони сили. Би било добро да се испратат сили на исламските земји, рече тој. Шредер е прв странски премиер кој учествуваше на седница на белгиската влада.

Белгија, исто како и Германија е многу ангажирана во Авганистан и има намера и натаму да продолжи со исполнување на своите задачи таму. Што се однесува до ангажман во Ирак, Белгија е меѓу воздржана и негативно расположена. Германскиот канцелар, Герхард Шредер се сомневање дека мисија на НАТО би играла стабилизирачка улога во Ирак:

”Ставив јасно до знаење дека нема да ги блокираме желбите на оние кои сакаат да се ангажираат. Но, ние укажуваме на тоа дека има многу работи за размислување. На пример, прашањето – дали НАТО може да игра улога. ”

Канцеларот уште еднаш нагласи дека дури и ако германската влада не спречи донесување заклучок на НАТО на самитот во Истанбул за мисија во Ирак, Германија нема да испрати свои војници.

Дури по седницата на владата, на ручекот на Шредер и Ферхофстад, двајцата премиери разговараа за она што покрај преговорите околу европскиот устав во моментов се посматра со најголема тензија – кој ќе биде наследник на Романо Проди на чело на ЕК? Либералниот белгиски премиер и самиот важи како можен кандидат, но толку директно за ова не се разговарало.

Денеска канцеларот патува за Лондон на разговори со колегата Тони Блер околу Ирак, Блискиот исток, развојот на Европа, и зад затворени врати и за персонални прашања.

Шредер: ”Ирачаните ќе му веруваат на НАТО исто колку на коалиционите сили”

Германскиот канцелар Герхард Шредер изрази сомневање во ставот дека заеднички ангажман на НАТО во Ирак би бил вистинскиот инструмент за стабилизација на ситуацијата во таа земја. По средбата со белгискиот премиер, Ги Ферхофстад, Шредер во Брисел изјави дека ирачкото население веројатно на НАТО нема да му верува повеќе отколку на сегашните коалициони сили. Би било добро да се испратат сили на исламските земји, рече тој. Шредер е прв странски премиер кој учествуваше на седница на белгиската влада.