1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпионажа: Германец на Русија ѝ предал скици од Бундестагот

ЖА / агенции
25 февруари 2021

Соработник на фирма овластена од Бундестагот, скиците од зградите и земјиштето им ги предал на руските тајни служби. Обвинителството против него покрена обвинение за шпионажа.

https://p.dw.com/p/3psVg
Deutschland Reichstagsgebäude in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Kalker

Германското сојузно обвинителство подигна обвинение против едно лице за вршење шпионски активности, соопшти денеска Обвинителството во Карлсруе.

Германскиот државјанин, 55-годишниот Јенс Ф. бил вработен во фирма која повеќепати по налог на германскиот Бундестаг била задолжена да изврши проверка на исправноста на електрични апарати во зградите и градежното земјиште кое го користи Бундестагот. Притоа обвинетиот добил пристап до ПДФ податоци на кои можеле да се видат и скици на споменатите објекти, наведува Обвинителството.

Повеќе на темата:

Откриен шпион кај портпаролот на Меркел

Поранешните шпиони не водат „гламурозен живот“

Руски хакери ја пробиле германската владина мрежа

Јенс Ф. „најдоцна во периодот од крајот на јули до почетокот на септември 2017 година“ донел одлука информациите да им ги проследи на руските тајни служби и тоа „по сопствена иницијатива“. Обвинетиот податоците копирани на компакт диск му ги испратил на соработник на руската амбасада во Берлин, кој во прв ред работи за руската воена тајна служба, ГРУ.

Обвинетиот не се наоѓа во притвор, зашто не постои акутна опасност од бегство. Германското обвинителство не наведува други детали, не е познато како е разоткриена активноста на Јенс Ф., чии мотиви не се јасни, единствено се знае дека претходно немал никакви контакти со Русија. Надлежниот суд во Берлин треба да донесе одлука околу натамошниот тек на случајот.