1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шојбле: Грчките предлози не се доволни!

З. Јордановски/дпа/афп/ртре11 јули 2015

Според германскиот министер, впечатокот оти грчките предлози се доволни за да се преговара за нова помош, е погрешен. И СПД бара реформи и строги контроли, а ја обвинува Сириза и за разгорување лев национализам во Грција

https://p.dw.com/p/1FxHj
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Macdougall

Германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле ги означи грчките предлози како недоволни за да има трет пакет за финансиска помош за земјата која е на работ на банкрот. Поради тоа, наспроти впечатокот кој настана, преговорите ќе бидат „извонредно тешки“, рече Шобјле пред почетокот на вонредната седница на Еврогрупата во Брисел. „Сега сме соочени со дупки во финансирањето кои се поголеми од се’ она со што се занимававме во минатото“, изјави германскиот министер. Според него, не е засилена довербата дека грчката влада ќе го спроведе она што го ветува. Надежта што ја имавме за ситуацијата во Грција на крајот од 2014, во изминатите месеци „е уништена на еден несфатлив начин. Ние сосем сигурно нема да се потпреме на ветувања“, нагласи Шојбле. Досегашниот пристап, да бидат префрлувани само транши од доделената помош за возврат на извршени реформи, во иднина уште повеќе ќе биде засилен, најави германскиот министер, а покрај тоа укажа и дека отпишување на долговите, според договорите на ЕУ, не е можно.

Thomas Oppermann
Томас ОперманФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

СПД: остри контроли на реформите

Партнерот во германската владина коалиција, СПД, во Бундестагот ќе гласа во прилог на некој трет пакет за помош за Грција само ако владата во Атина се подложи на остри контроли на спроведувањето на ветените реформи, изјави Томас Оперман, шеф на фкракцијата на социјалдемократите, за весникот „Тагесшпигел ам зонтаг“. „Финансиска поддршка смее да биде допуштена само во потег за противпотег и секогаш откако ќе бидат спроведени реформи, чија реализација „мора да биде постојано надгледувана“.

И Оперман, како и шефот на СПД Зигмар Габриел, искажа остра критика на сметка на владата на Сириза - таа во првите шест месеци воопшто не се зафатила за решавање на фактичките проблеми во Грција: „Напротив, богатите беа поштедени, а пензионерите на крајот веќе не добија пари“. Оперман и’ префрли на Сириза дека „истовремено разгорува лев национализам во Грција“.