1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шлаканица за Источна Европа и САД

Михаел Книге/ превод: Ж/А.11 јуни 2015

Мнозинството Германци, според анкета, не би сакале воено да им помогнат на сојузниците од НАТО во случај на напад од Русија. Тоа не е само засрамувачки, туку се заканува да ја подрие Алијансата, смета Михаел Книге.

https://p.dw.com/p/1FfHf
Фотографија: picture-alliance/dpa

Искрено е, го отсликува расположението и е мизерно. Според нова анкета на Институтот Пев (независeн труст на мозоци од Вашингтон, н.з), мнозинството Германци одбиваат военo да ги подржат на своите партнери од НАТО во случај на напад од Русија. Иако резултатот на студијата не е посебно неочекуван. Крајно, од падот на Берлинскиот ѕид, постојано беше дијагностицирано и критикувнао прикрадувачко заладување на трансатланстскиот сојуз. Така на пример, лани, според анкета на Германскиот Маршалов фонд, првпат мнозинството Германци се изјаснија за тоа Германија да биде понезависна од САД во надворешната и безбедносната политика.

Во текот на годините малку нешто се промени-и покрај бројните свечени говори за реорганизација на Трансатлантскиот сојуз и иницијативи како "Pooling und Sharing" или „Паметна одбрана“. Да не зборуваме притоа воопшто за самопоставената и, со мали исклучоци, постојано непостигната цел секој член да издвои за одбрана најмалку два проценти од Брутодомашниот производ. Факт е: на трансатлансткиот сојуз одамна му се одбројува.

Michael Knigge Kommentarbild App
Михаел Книге

С‘ржта на договорот е застарена

Сепак најновата анкета е важна, зашто го поставува во целосна јасност клучното прашање на трансатланстскиот сојуз: обврската за помош според член 5 од Договорот на НАТО. „Партнерите се договорија дека напад врз еден или повеќе од нив во Европа и Северна Америка ќе се смета за напад против сите“, се вели во одбранбениот пактот кој потекнува од 1949 година.

66 години подоцна, кога Германија е конфронтирана, со оглед на руското однесување во Украина, со сценарио за помош кое е во сферата на можно, мнозинството Германци практично ја прогласува суштината на НАТО-договорот за застарена. Воена поддршка за балтичките држави во случај на голем руски напад? Не, благодариме, велат 58 проценти од Германците. Тоа со колективната одбрана ние не го сфативме толку сериозно.

Со оглед на германското минато, ова е засрамувачки и значи заборавање на историјата. Ова е звучна шлаканица за Источноевропејците, но, од аспект на блокадата на Берлин, и за Американците. Ако навистина стане сериозно опасно, гласи пораката на Германците до Балтикот, Полјаците и Американците, тогаш можеби ќе ве поддржиме морално, но сигурно не и воено. Конкретната германска воена поддршка, со оглед на материјалните проблеми на Бундесверот, сојузниците можат и да ја преболат. Но, симболичната штета е огромна и ќе има одложено влијание.

Подривање на Алијансата

Патем, тоа не значи оти НАТО-договорот е недопирлив. Држи евентуално и аргументација за анахроност на НАТО и нужност од негово приспособување или дури и укинување. Но, тоа тогаш треба јавно да се каже и примени. Ако Германците и двајца други големи НАТО-членки не се подготвени да им пружат поддршка на сојузниците, во вонреден случај и воена, можеби подривањето на Алијансата веќе е почнато. Крајно време е или да се преземе некаква контрамерка за спас на НАТО, или да се презентираат реалистични алтернативни решенија. За жал, минатото не‘ подучува дека Германците и Европејците веројатно нема да го направат ни едното ниту другото.