1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефовите на дипломатиите на ЕУ расправаат за Косово

Михаел Бекер28 јануари 2008

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска во Брисел расправаат за Косово. Решение околу прашањето не се очекува.

https://p.dw.com/p/Cybu
ЕУ го разгледува косовското прашањеФотографија: AP/DW
Исходот е предвидлив. Косоварите ќе прогласат независност од Србија, против вољата на Србија „Независноста е прашање на денови“
Ова мината недела во Брисел го изјави новиот премиер на Косово, Хашим Тачи. Србите ќе протестираат, поддржани од страна на Русија. Американците напротив ќе ја признаат независноста на Косово, а потоа ќе следува и ЕУ. ЕУ не е единствена Пред се’ Кипар е земјата која е проив признавање на независно Косово. И покрај тоа ЕУ сака и треба да ја преземе одговорноста за Косово, доколку се прогласи независност. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд „Тоа е среде Европа. ЕУ во случајов мора да преземе водечка улога. Во 90 години, во времето на балканските војни видовме колку е висока цената, кога Европа не успеа да ја преземе водечката улога на Балканот“ изјави Милибанд
Конкретно станува збор за испраќање на околу 2000 полицајци, судии, царински службеници на Европската унија на Косово. Мисијата требаше да биде утврдена денеска, но одлуката е одложена. Потребно е менаџирано решение На 3 фвруари во Србија се оддржува вториот круг од претседатеслкти избори - очигледно ЕУ не сака да преземе ништо што би ја комликувало ситуацијата. ЕУ веќе ја повика Приштина да го сочека резултатот од изборите, пред да прогласи независност. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер: „Потребно ни е менаџирано решение. Решение, кое ќе биде постигнато со согласност на меѓународната заедница, а не без неа“ изјави Штајнмаер
Прашањето е дали ситуацијата ќе може да се раководи кога ќе дојде денот на независноста. За да обезбеди мир во Србија, ЕУ му понуди на Белград договор за партнерство. Предчекор за членство во Унијата. Меѓутоа и овој проект мирува - потпишувањето е одложено. Холандија пред се бара, Србија да го испорача Ратко Младиќ обвинетиот за воени злосторства од периодот на балканските војни. Србија тоа не го сака.