1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шеста рунда преговори за Косово

7 август 2006

Во Виена, шести обид приштинската и белградската делегација да најдат заеднички решенија за децентрализација на Косово. Преговорите се водат одвоено,а попладне делегациите треба да седнат на заенидчка маса. Нема на повидок отстапување од спротивните ставови кај двете страни.

https://p.dw.com/p/AdiV
Ахтисари има тешка мисија
Ахтисари има тешка мисијаФотографија: AP

Денешните преговори за децентрализација на Косово се одлучувачки за шефот на српската делегација Леон Којен, додека шефот на приштинската делегација, Љутви Хазири очекува напредок во дијалогот со Белград. Пред почетокот на преговорите околу надлежноста на општините врз здравството, образованието и меѓуопштинската соработка, Хазири изјави дека ставовите на приштинската делегација се многу блиски до оние на главниот посредник Марти Ахтисари. Белград најави дека настапува со досегашните ставови. Шефот на делегацијата Коен

“Нашиот став е кристално чист. Канцеларијата на ОН и албанската страна знаат како ги дефиниравме работите дека не можеме да отстапиме од тоа. Денеска ќе ги соочиме аргументите па ќе видиме што ќе излезе од тоа”

За поголемиот дел од прашањата е постигнат договор, но треба да се решат уште четири пет клучни прашања.

Белград се залага одлуките од доменот на полицијата, правосудството и школството да ги носат општините, додека Приштина централната косовска власт да биде единствена надлежна.

Хазири изјави дека Приштина до крајот на месецов сака да преговара и околу финансирањето на општините, како и за останатите отворени технички прашања:

“Сакаме да ја завршиме работата за во септември да може да разговараме околу независноста на Косово, што е единствено решение за нас”, заклучи шефот на приштинската делегација Хазири.

Дводневните преговори кои започнаа денеска во Виена, се одвиваат одвоено со двете делегации, а попладне е планирано да ги седнат на заедничка маса. За утре на дневен ред се правата на малцинствата во покраината.