1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шарената револуција не се предава

ЖА/ап/мета7 јуни 2016

По одлуката на македонскиот претседател Иванов да ја повлече аболицијата на бројни политичари, активистите од Шарената револуција поставија ултиматум до 18 јуни до власта, барајќи реформи според извештајот на Прибе.

https://p.dw.com/p/1J1t7
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Илјадници луѓе поминуваат покрај владините згради во Скопје, главниот град, и ги обојуваат со „бомби“ од боја, тоа е ноќен ритуал откако претседателот на државата донесе одлука за аболиција на голем број политичари осомничени за криминал. Синоќа плоштадот на кој пред неколку години беше убиен младиот Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на владејачката партија, беше симболично обоен во црвена боја. Одлуката на Иванов од вчера, да ја повлече аболицијата донесена пред два месеца, се чини е насочена кон смирување на Шарената револуција. Иванов во соопштението истакна дека неговите напори за национално помирување биле торпедирани од опозицијата, која ја обвинува владата за масивно илегално прислушување. ЕУ постојано остро ја критикуваше аболицијата и инсистираше претседателот да ја повлече. Протестите предизвикаа парламентот да ги одложи изборите првично планирани за 5. јуни.

Шарената револуција постави ултиматум до власта, барајќи: откако Иванов ги повлече сите помилувања, „Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО на кое му се заканува ризик да биде прогласено за неуставно, а партизираниот суд да ги заштити криминалците“ и, второто барање, „да запре прогонот на демонстрантите и да бидат повлечени сите пријави против лица кои протестираат“, како и „да се формира преодна влада што ќе ги организира изборите и ќе ги спроведе реформите од извештајот на Прибе, формирање на специјално одделение во судот кое ќе ги процесуира случаите на СЈО, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател“. Доколку нивните барања не се исполнат до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат демократијата во свои раце и на свој начин“, порачаа од Шарената револуција.

Демонстрантите го менуваат форматот на протести со најава дека тие ќе бидат радикализирани, а в среда точно напладне ќе ги блокираат сите сообраќајници во Скопје, бидејќи „оваа власт 10 години го блокира нормалниот живот во Македонија“.

Денеска пак, лидерот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција објави план за излез од кризата. Заев побара до 18 јуни потврда на уставноста на СЈО, ослободување на сите приведени демонстранти, формирање влада која ќе овозможи спроведување фер и слободни избори, прочистување на избирачкиот список, реформи во медиумите.

Погледнете го видеото од синоќешните протести:

Ултиматум од Шарената револуција