1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавез се бори за својот живот

ЖА/дв/адпа/афп1 март 2013

Претседателот на Венцуела, болен од рак, според зборовите на неговиот заменик, останува борец, сега за својот сопствен живот. 58-годишниот Чавез се‘уште е на лекување, а „сојузниците“ се со него, се вели.

https://p.dw.com/p/17oUA

Заменик-претседателот Николас Мадуро, кој се смета за можен наследник на тешко болниот претседател, во телевизиско обраќање изјаби дека Хуго Чавез се бори за своето здравје и за својот живот. Мадури и претходно користеше слични зборови за опис на здравствената состојба на Чавез, кој боледува од рак во стомакот, за што не се наведуваат повеќе детали. По неговата последна операција на Куба на 11 декември, Чавез не одржа веќе јавен говор. Тој на 18 февруари се врати во Венецуела и е пренесен во воена болница во Каракас. И покрај многуте шпекулации за тешката здравствена состоба или дури и исмрт на Чавез, мнозинство од жителите на Венецуела се надева на негово враќање на функцијата. Во репрезентативна анкета од 1198 испитаници, 58 проценти изјавиле надеж во повторно опоравување на болниот шеф на државата.

„Продолженото отсуство на претседателот и неговата критична состојба не придонесоа за јакнење на песимизмот во врска со неговото враќање на чело на земјата“, истакнува Луис Виценте Леон, испитувач на јавното мислење. Хуго Чавез ја води Венецуела од 2006 година.