1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора очекува скорешен прием во НАТО

АТ/ дапд 11 октомври 2012

Министерката за одбрана на Црна Гора е оптимист за приемот на нејзината земја во НАТО. Од седиштето на Алијансата во Брисел стигнуваат пофални зборови за реформите; но не и најава за датум за прием.

https://p.dw.com/p/16NgT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Црна Гора очекува скорешен прием како полноправна членка во Северно-атланскиот сојуз. Приемот како 29 членка би можел да биде спроведен на наредниот самит на Алијансата на крајот на 2013 или во 2014 година, изјави министерката за одбрана на Црна Гора Милица Пејановиќ Дуришиќ во Брисел.

Според неа земјата се наоѓала во завршна фаза на спроведување на програмата за прием. НАТО позитивно се произнесе по однос на реформите на Црна Гора во областа на политиката, како и на силите за безбедност, но досега не наведе термин за можен прием на земјата.

Црна Гора во 2006 година прогласи независнот, и оттогаш се стреми кон членство во НАТО и ЕУ. Земјата брои околу 650.000 жители, додека безбедносните сили бројат само 2.200 војници.