1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски потврдил дека не влегува во лидерска трка

Катерина Блажевска2 јуни 2013

Со поздравен говор лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски точно на пладне во скопскиот хотел „Холидеј ин“ го отвори Конресот на партијата на кој присуствуваат 705 делегати.

https://p.dw.com/p/18iX0
Фотографија: MAKFAX

Непосредно пред почетокот на Когресот, била одржана седница на Извршниот одбор, на која Црвенковски на сопартијците уште еднаш им ја повторил својата дефинитивна одлука дека нема да влегува во трката за нов париски лидер.

Во меѓувреме, Иницијативнио одбор кој се залага Црвенковски и натаму да остане претседател на партијата, собра 25.000 потписи. Нивниот претставник ќе има можност пред 705-те делегати да образложи иницијативата, но по дефинитивната одлука на Црвенковски да се откаже од битката за лидерската, но и за други партиски функција, се очекува дека оваа иницијатива нема да има никакво влијание врз текот на конгресот и бројот на кандидатите.

По отчетот за 4-годишниот период, за резултатите од парламентарните и локалните избори, тројцата кандидати Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов ќе ја образложат својата програма.

Во владејачката партија со интерес го очекуваат денешниот избор, но се сомневаат дека тој ќе донесе какво било промени.

„Кој од кандидатите да победи на конгресот, според нивното однесување досега, повеќе од јасно е дека тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата, затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски, отколку за што било друго“, изјави вчера премиерот и лидер на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Груевски.

Црвенковски е претседател на партијата од 1991 година. Единствено во периодот која ја извршуваше функцијата шеф на државата со паријата раководеа Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, а како в.д. претседател и Зоран Заев.