1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрас им дава глас на Грците

Јоана Какисис/БГ9 февруари 2015

Бескомпромисниот став на премиерот Алексис Ципрас ја води Грција во опасна зона. Но, многумина Грци се среќни што некој конечно и се спротивставува на еврозоната. Јоана Какисис разговараше со граѓаните во Атина

https://p.dw.com/p/1EYA3
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

Васо Вувани, тивка и одлучна средовечна мајка, долго посакуваше лидер кој ќе ги застапува интересите на Грците, а не на „банкарите, еврократите и германските политичари“.
„Потребни ни се борци, а не слуги на тројката“, вели таа, мислејќи на меѓународните кредитори кои и одобрија на Грција милијарди евра помош во замена за тешки мерки за штедење кои ја издишаа грчката економија. „Си ги загубивме и парите и достоинството во последните пет години. Не смееме да дозволиме политичарите од Брисел и Берлин да продолжат да ни наметнуваат штедење. Тоа не функционира“.
За време на кризата, Вувани го загуби својот бизнис и веќе четири години е без работа. Ја охрабри доаѓањето на власт на 40-годишниот Алексис Ципрас, кој веќе им се спротивстави на финансискиот шеф на еврозоната Јерон Дајселблум и на грчките олигарси кои избегнуваат плаќање даноци.
„Се надевам дека ќе се бори против сите. Ќе бидам многу разочарана доколку попушти. Не сакам веќе да видам грчки политичар да ја веднее главата пред луѓе кои не третираат како да сме ништо“.

Во своето прво обраќање во парламентот, Ципрас го кажа токму она што таа сакаше да го слушне. Вети дека ќе им стави крај на мерките за штедење, ќе им помогне на осиромашените Грци да добијат издршка и струја, ќе го реформира корумпираниот политички систем, ќе ги гони големите неплаќачи на данок, дури ќе ги продава и луксузните возила кои ги користат министрите и пратениците.

Добар одзив

Ник Малкуцис, уредник на атинскиот економски и политички интернет-портал „Макрополис“, за ДВ објаснува дека инсистирањето на Ципрас на предизборните ветувања добиваат добар одзив.
„Причината за тоа е што, за разлика од претходните влади, администрацијата на Сириза се обидува да исполни колку што може повеќе предизборни ветувања. За разлика од претходните лидери, тој не попушта на првиот сигнал за притисок од грчките кредитори“, вели Малцукис.
Но, притисокот е веќе присутен. Европската централна банка, на пример, ги откажа кредитите за грчките банки. Германските лидери не прифаќаат нови преговори за враќање на долговите. Ципрас најави дека очекува соработка од еврозоната за програма за санирање, не кредити, туку друг вид финансирање со кое Грција би ја задржала солвентноста во текот на летото.
Бескомпромисниот став на Ципрас ја води Грција на непозната територија. Некои стравуваат дека говорот на Ципрас беше сигнал оти Грција е на пат да го напушти еврото.
„Не можам да проценам како Грција сега ќе остане во еврото, освен доколку гласачите не предизвикаат промена на владата“, твитна Хуго Диксон, колумнист на Ројтерс и уредник кој се смета за добар познавач на Грција.

Griechenland Athen Parlament Regierungsansprache Alexis Tsipras
Алексис ЦипрасФотографија: REUTERS/Alkis Konstantinidis

Стратегија на висок ризик

Но, Малкуцис смета дека ваквите стравови се претерани.
„Јасно е дека стратегијата на Ципрас е од висок ризик, и бидејќи немаме искуство со тоа, не знаеме како ќе реагира еврозоната. Но во истовреме, тој не ја затвора вратата за преговори. Периодот за преговори е кус, и јасно е дека тие ќе бидат тензични и непријатни“.

Анкетите покажуваат дека ваквата стратегија добива позитивна оценка дома. 70 проценти од Грците велат дека се среќни што некој конечно и се спротивставил на еврозоната. Малкуцис вели дека Ципрас им дал глас на Грците, но еврозоната порадо би слушнала намалени очекувања од Ципрас, и промена на политиката особено во однос на приватизацијата и пазарот на трудот.
„Прашањето е дали двете страни можат, зад затворени врати, да најдат некое прифатливо решение и да решат доволно недоразбирања за да се продолжи да се оди напред, како што е тоа случај во еврозоната од 2010 година?“, вели Малцукис.