1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цензура во Словенија?

3 јануари 2008

Словенија,која од почетокот на годинава го презеде претседавањето со ЕУ,меѓу новите земји членки важи како примерен ученик,но таа има и темни страни.Околу 500 новинари се жалаат на напади врз слободата на печатот.

https://p.dw.com/p/CjgR
Премиерот Јанша ги отфрлува критикитеФотографија: DW-TV
Не беше одамна кога сегашниот премиер на Словенија,Јанез Јанша,лежеше во затвор поради статија во која ја критикуваше владата.Тогаш Словенија сеуште беше дел од тогашна Југославија.Денеска таа е независна држава,која во следните шест месеи претседателствува со ЕУ. Во словенечките медиуми сега повторно има статии со критики кон владата,но сега Јанез Јанша е на другата страна ,како премиер е конфронтиран со петиција со која повеќе од 500 словенечки новинари му префрлуваат напади врз слободата на печатот и обиди за цензура. Обвинувањата се присутни веќе неколку недели.Јанша ги отфрлува.Но,сеуште изостанува независна истрага,која ја бараат сојузот на европските новинари,Меѓународниот институт за печат и организацијата Репортери без граници.
Необјективно известување?!
Случај,кој предизвика особено внимание беше оној од есента, со долгогодишниот дописник од Виена на најголемиот словенечки дневен весник Дело,Матија Грах.Во неговиот коментар тој и префрли на владата во Љубљана за недоволна поддршка на словенечкото малцинство во Австрија.Ова изразување мислење имаше последици: „Мојот уредник предвремено ме отповика.Официјалноот образложение беше дека дека моето известување не било објективно.Смешно,зашто коментарот не може да биде објективен.“ Претходно,цели 20 гоидни ниту еден дописник на Дело не бил повлечен без негова изричита желба.Матија Грах меѓутоа е останува осамен случај: „Заедно со мене беше отповикан и мојот колега од Загреб.И тој беше дописник кој предвреме се враќа,и кај него официјалното образложение беше истото,имено, необјективност.“ За Матија Грах отповикувањето стигна ненадејно. Токму тогаш тој дури беше и награден од словенечкиот новинарски сојуз за неговите извонредни репортажи и анализи: „Да,на истиот ден кога дознав за отповикувањето,жирито реши да ја добијам наградата за моето известување од Австрија.“
Суптилни форми на притисоци и влијанија
За претседателот на словенечкиот новинарски сојуз,Грега Реповц,овој случај е само пример за многуте други политички влијанија врз персоналните одлуки во редакциите на весниците: „Весникот Дело припаѓа кон најголемата пиварница во Словенија,Лашко,која пред двеипол години сакаше да купи удели во најголемата фирма на земјата,Меркатор.Државата имаше удели од околу 25 проценти. Двете страни направија дил,државата своите удели во Меркатор да му ги продаде на Лашко,а пиварницата да ги повлече своите луѓе од Надзорниот одбор во весникот и да ги замени со луѓе кои ќе ги одредува владата.На овој начин беше сменет издавачкиот врв,потоа директорот и на крај и уредникот.“ Но,во петицијата од словенечките новинари не се констатираат само напади врз персоналната политика на медиумите,туку и суптилни форми на цензура.Така некои статии се сменувани суштински без дозвола на нивните автори,а некои пак без никакво обрразложение воопшто не се објавуваат. Премиерот Јанез Јанша оваа критика ја нарече претерана,на потписниците на петицијата им префрли дека сакаат само да ја извалкаат сликата на земјата во моментот кога таа го презема претседавањето со ЕУ.

►◄