1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Харадинај ја претстави владината програма за Косово

14 декември 2004

,, Новата косовска влада ќе се ангажира статусот на покраината да се утврди врз основа на војлата на народот и ќе ја поддржува децентрализацијата во покраината.,, изјави новоименуваниот косовски премиер Рамуш Харадинај по денешната седница на владата во Приштина, која ја утврдуваше својата програма. Во истовреме во знак на револт против изборот на Харадинај за косовски премиер, во Белград неколку десетици

https://p.dw.com/p/AczN

студенти почнаа протестен собир.

Остварувањето на косовските стандарди и економскиот развој на покраината ќе бидат главните приоритети на косовски премер Рамуш Харадинај, кој денеска во Приштина пред членовите на својот кабинет, ја претстави владината програма. Агендата за стандардите во покраината ќе биде опфатена со посебен план.

Владата на Хардинај, како што изјави тој самиот по денешното владино заседание, ќе ја поддржи децентрализацијата во покраината, со цел да се остварат неопходните стандарди за идниот косовски статус. ,, Ќе инсистираме да го спроведеме нашиот план за локално разграничување, и покрај тоа што поединци не се согласуваат со него,, рече Харадинај во врска со вчерашните обвинувања на претседателот на Работната група за децентрализација дека преглогот добива етничка боја.

Меѓу приоритетите на косовската влада се и политичката стабилност и безбедност, вклучувањето на Косово во евроатланските интеграции, намалување на невработеноста, зголемување на квалитетот на јавните услуги , образованието и воспитанието.

Харадинај најави дека со својата предлог програма, која во најскоро време треба да ја усвои косовскиот парламент, ќе ги запознае и лидерите на опозициските партии во Косово.

Паралелно со презентацијата на косовската владина програма, повеќе десетици студенти прошетаа по белградските улици во знак на протест против изборот на Рамуш Харадинај за косовски премиер. Од платото пред филозовскиот факултет во Белград, каде што ќе се одржи протестниот собир, тие ќе ја повикаат меѓународната заедница со одлука да го отповика Харадинај од функцијата.