1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамилтон победи на ГН на Кина

БГ/ртр20 април 2014

Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Кина во Шангај, остварувајќи ја третата едноподруго победа во шампионатот.

https://p.dw.com/p/1BlJ4
Фотографија: Reuters

Хамилтон до победата дојде за еден час, 36 минути и 52 секунди, на тој начин остварувајќи ја вкупно 25-та победа во натпреварувањето, со што се израмни со легендарниот Ники Лауда.

Второто место му припадна на германскиот пилот Нико Розберг, исто така на Мерцедес, кој имаше заостанување од 18 секунди, и истовремено, тоа беше трет пат едноподруго тој да заврши зад Хамилтон на подиумот.

На трето место се пласираше Шпанецот Фернандо Алонсо на Ферари кој имаше 25 секунди заостанување зад победникот.

Возачите на Ред Бул, Австралијанецот Даниел Рикардо и четирикратниот шампион Себастијан Фетел ги зазедоа четвртото, односно петтото место, додека Германецот Нико Хилкенберг на Форс Индија заврши на шестата позиција. Бодови уште освоија и Финецот Валтери Ботас на Вилијамс и Финецот Кими Раиконен на Ферари, Мексиканецот Серхио Перес од Форс Индија и Русинот Данил Квјат од екипата на Торо Росо.

Во првите четири трки во шампионатот победуваа возачите на Мерцедес. Екипата се наоѓа и во убедливо водство на табелата на конструкторите со 154 бодови, пред тимот на Ред Бул кој досега има освоено 57 поени.