Хамбург: „Добредојдовте во пеколот!“
Пред самитот на Г20, демонстранти од целиот свет се собираат во Хамбург. Притоа доаѓа до израз и нивната креативност без оглед дали се наоѓаат на почва, на вода или користат алтернативни методи за да испратат пораки.
„Добредојдовте во пеколот“
Првите масовни анти-глобализациски протести се одржаа во четвртокот во Хамбург, на ден пред почетокот на самитот на Г20. Организаторите го нарекоа нивниот протести „Г20: Добредојдовте во пеколот“.
Протестно танцување
Повеќе од 10 илјади луѓе танцуваа на звуците на техно музиката во близина на пристаништето во Хамбург во средата. Својот протест го нарекоа „Lieber tanz ich als G20", што би можело да се преведе како „Танцувањето е подобро од Г20“.
Судири во Хамбург
Полицијата со водени топови се обидува да разбие блокада на улиците во близина на населбата Сенкт Паули во Хамбург. Ангажирани се околу 20 илјади полицајци, помогнати од 28 хеликоптери, 185 полициски кучиња, 40 водени топови и околу три илјади полициски возила.
Закана од насилство?
Полицијата соопшти дека во неколку рации во околината на Хамбург запленила ножеви, стапови и бејзбол палки- веројатно наменети за анти-капиталистичките протести. Десетици илјади демонстранти се очекуваат за самитот. Најмалку 8 илјади се очекува да бидат анархисти и радикални левичари, кои би можеле да употребат насилство.
'Yes we camp!'
Овие демонстранти од француската група „Attac“ планираат неколку маршеви за време на самитот. Членовите на организацијата кампуваат во паркот Алтона во центарот на Хамбург, каде полицијата им дозволи да постават околу 300 шатори.
Пластични фигури
Протестите на Оксфам на 2 јули повикаа на еднаквост и од Г20 бараа да „се намали разликата меѓу богатите и сиромашните“. Не е тешко да се погоди кон кого беа насочени пораките.
Речна флота
Цела флота заплови по реката Алстер, организирана од невладини организации чии членови носеа транспаренти и гардеорба во виножито од бои. Добија поддршка од голем број луѓе на брегот на реката.
Зомби демонстрации
Уметничка инсталатија е организирана за време на Г20, со зомби фигури кои се појавауваат насекаде низ градот. Мртовците потоа однеднаш оживуваат- иако тоа не се поврзува со одлуките кои се носат на самитот.
Протести за стари и млади
Старечки дом кој се наоѓа на патот кон местото каде се одржува самитот постави своја порака: Мирни средби за сите за време на Г20! Но, мирните средби би можеле да останат само пуста желба.