1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фронтален напад на Ципрас против тврдолинијашите

Јанис Пападимитриу / Е.М. Фиданоска18 јули 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се осмели на нов почеток. Познати претставници на левото крило на неговата партија се „аут“. Изутринава новата влада во Атина положи заклетва.

https://p.dw.com/p/1G0wH
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Најпознатата жртва од реконструкстрирањето на Владата е министерот за енергија Панајотис Лафазанис, кој важи за лидер на внатрепартиската опозиција во Сириза. На негово место доаѓа досегашниот министер за труд и екс партиски портпарол Панос Скурлетис, кој е човек од доверба на Ципрас. И досегашниот мнинистер за социјала, Димитрис Стратулис, кој важи за втора по важност идентификациска фигура за партиската левица, мораше да си ги „собере парталите“, а таков е случајот и со заменикот министер за одбрана Костас Исихос.

Дали смените значат отворен пат за умерената фракција во владејачката левичарска партија, која е и попријателски настроена кон Европа? Политикологот Јоргос Цогопулос од атинскиот тинк-тенк ЕЛИАМЕП одговара: „Всушност, очекувавме нова насока на атинската политика и нов кабинет со многу нови лица, радо и независни експерти. Но, тоа не се случи“, критикува Цогопулос во разговорот за Дојче веле. Наместо тоа, премиерот Ципрас претстави владина екипа која треба само да го премости времето до новите избори. Но, тоа е отров за конјунктурата и политичката стабилност во земјата, нагласува Цогопулос. Владата во секој случај ги подгрева шпекулациите за нови избори наесен. Министерот за внатрешни работи Нукос Вицис наодамна изјави дека можна опција се избори во септември или најдоцна во октомври.

Политикологот Стратос Балис за телевизијата Скај оцени дека „се мете се‘ што потсетува на моќното лево крило во партијата“. „Оваа реконструкција на владата означува официјален развод на премиерот од неговата ватарепартиска опозиција“, нагласи Балис, додавајќи дека затоа десните популисти, кои се дел од коалицијата, се наградени за својата верност кон владата со дополнителна министерска функција.

Партискиот весник на Сириза „Авги“ со невообичаено остар тон ги нападна 39-темина пратеници кои не гласаа за мерките за штедење или беа воздржани. Ако сакаа да создадат впечаток дека само тие постапуваат согласно програмата на Сириза, а премиерот не, тогаш се поставува прашањето дали ваквите позиции се политички сериозни, пишува „Авги“. Имено, таквото однесување е согласно мотото: „Ни си ги миеме нашите раце и ги оставаме другите да ги вадат костените од оган“.

Опозицијата парализирана

Тоа што Цирпас ги доби потребните гласови во парламентот за предложената програма за штедење благодарение на опозицијата, го отвора прашањето како грчките опозициони партии ќе се постават во борбата за моќ и влијание. Анкетите даваат разочарувачки резултати. Конзервативците, кои беа на власт до јануари годинава, во моментов стагнираат на 20 проценти доверба. Некогаш семоќните социјалисти тонат во безначајност и мора да си ја чукаат главата како да обезбедат влез во парламентот. Единствено партијата „То Потами“ е во подем. Но надежи дека може да биде подобро има и деснорадикалната „Златна зора“, која е трета по јачина во Грција.

Иако повеќето опозициони партии се слаби и се во потрага по профил, тие го поддржуваат Ципрас во намерата за спроведување на реформите. Од тоа левичарскиот премиер профитира многу, можеби и премногу, оценува поранешниот лидер на социјалистите Евангелос Венизелос. „Во овој дом имаме, како што се чини, две мнозинства - едно за пријатни закони, за кои гласататсите пратенции од левицата, и едно мнозинство за непријатните работи, при што се посега по гласовите од опозицијата. Тоа не оди“, рече Венизелос неодамна во Парламентот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема