1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јагленот убива

ЖА /ДВ
23 април 2021

Додека шефовите на држави и влади на Самитот за климата најавуваат амбициозни цели, активисти во Австралија протестираат против јагленот – на очигледно драстичен начин

https://p.dw.com/p/3sS8P
BdTD Australien Extinction Rebellion Protest Kohle Schaufensterpuppe
Фотографија: Darren England/dpa/AAP/picture alliance

Без грижа, нозете кои ги гледате под јагленот не припаѓаат на вистинска личност, туку на кукла. Но, со овој перформанс активистите на  „Extinction Rebellion"од Австралија сакаат да предупредат на загадувањето кое го предизвикува јагленот како енергенс.

Активистите укажуваат дека сѐуште една четвртина од потребите за енергија во светот се покриваат преку јагленот, кој е причинител за испуштање штетни гасови, а само со ветувањата на политичарите тоа нема да се смени, туку е потребна вистинска акција.