1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѕвездата од Витлеем

ЖА /ДВ
18 декември 2020

Само на секои 20 години планетите Јупитер и Сатурн се толку блиску една до друга, што на небото се гледаат како една ѕвезда. Тоа ќе биде случај на 21 декември.

https://p.dw.com/p/3mtUU
BdTD Türkei Astrologie Jupiter Saturn Mond
Фотографија: Chris McGrath/Getty Images

Младата месечина се наоѓа на фотографијата горе лево, горе десно е Сатурн, а долу десно е Јупитер. Тие две планети во конјукција на 21 декември ќе формираат нешто што од Земјата може да се види како една ѕвезда. Ваква констелација се случува само на секои 20 години, но во целосно екстремна форма последен пат се случила пред 400 години. Таква постоела и во шестата година пред Христос. Дали тоа била ѕвездата од Витлеем? Оваа фотографија е забележана во Анталија, во Турција.