Религија
Фотографија на денот: Честит Божик!
7 јануари 2022Реклама
Македoнските православни верници вчера го прославија Бадник а денеска го слават Христовото раѓање со традиционалната честитка: Христос се роди! - Навистина се роди! Во сите храмови на Македонската православна црква утринава со биење на камбаните и со литургии се најавува доаѓањето и прославата на Божик. Втора година по ред, Божик се слави во поинакви услови поради пандемијата на коронавирусот.