1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Цвеќиња за милионите бегалци од Украина

СН/агенции
12 март 2022

Војната во Украина беснее веќе 17-ти ден, а секојдневно расте и бројот на бегалци. Се очекува до крајот на неделата тој да достигне 3 милиони. Со симболична акција во Лондон им беше изразена поддршка на децата меѓу нив.

https://p.dw.com/p/48OCZ
BdT Großbritannien "Little Amal" legt Blumen der Solidarität  vor der Ukrainischen Botschaft ab
Фотографија: Ian West/dpa/PA Wire/picture alliance

Џиновската бегалска кукла „Малата Амал“ е симболичен претставник на сите деца бегалци, од кои многумина се одвоени од нивните семејства. Амал на арапски јазик значи „надеж“ и сега нејзините молитви се насочени кон луѓето кои страдаат во Украина. „Малата Амал“  положи цвеќе пред украинската амбасада во Лондон за да го привлече вниманието кон маките на луѓето раселени по руската инвазија на Украина.

Илјадници Украинци во бегство: „Зошто се случува ова? Зошто да бидеме бездомници?“

Според последните официјални информации од Канцеларијата на ОН за миграција повеќе од 2,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната, а најмалку 1,85 милиони се внатрешно раселени. Бројот на бегалци од Украина во соседните земји секој ден се зголемува за околу 200 илјади и се очекува до крајот на неделата да надмине 3 милиони. Најголем дел од нив над 1,5 милиони пристигнале во Полска. Во Германија пак досега имаат дојдено преку 110 илјади бегалци од Украина.