1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Хрватска го „потопи“ Меси

22 јуни 2018

Лионел Меси, длабоко разочаран, со наведната глава во поразот на неговата екипа, репрезентацијата на Аргентина во натпреварот со Хрватска од 0:3 на СП во фудбал 2018 во Русија.

https://p.dw.com/p/303cu
Fußball WM 2018 Gruppe D Argentinien - Kroatien Lionel Messi
Фотографија: picture-alliance/empics/D. Klein

#ФотографијаНаДенот која зборува сама за себе: фудбалската легенда Лионел Меси, скаменет, длабоко разочаран, со наведната глава во поразот синоќа на неговата екипа, репрезентацијата на Аргентина во натпреварот со Хрватска од 0:3 на СП во фудбал 2018 во Русија. Аргентина дури мора да стравува и од тоа да биде елиминирана во групната фаза на Мундијалот. На социјалните мрежи курсираат полушеговити, полуподбивни пораки- „Меси се враќа дома“, асоцијација на насловот на филмот „Леси се враќа дома“.