1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Угостителите бараат помош

2 мај 2020

СОС - повикот за помош e напишан со помош на столчиња поставени од угостители на демонстрации во Дрезден.

https://p.dw.com/p/3bg7e
BdTD - Deutschland Dresden Gastronomen rufen SOS
Фотографија: Imago Images

Вчерашниот протест беше трет од воведувањето на мерките за изолација во рамките на борбата против пандемијата на коронавирусот во Германија и затворањето на рестораните и кафулињата. Акцијата „Празни столови“ треба да го сврти вниманието кон проблемите на гастрономите, хотелиерите и организаторите на манифестации, а се спроведува во 80 градови во земјата.

Угостителската бранша е особено погодена од застојот поради корона-кризата. Во рестораните сe’ уште не може да се седи. Дозволено е само нарачување храна за земање. За состојбите во гастрономијата се најавени разговори на надлежните покраински министри наредната недела, но надежите за брзо отворање на угостителските објекти за муштерии се мали.