1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Фотографија на денот: Стоп за насилството врз жените!

ЕМФ
25 ноември 2019

Црвени чевли во Брисел во знак на протест против насилството врз жените - на денешниот Меѓународниот ден против насилство врз жените ширум светот ќе биде потсетено на жртвите и ќе биде побарано казнување на насилниците.

https://p.dw.com/p/3TedC
Belgien Demo Gegen Gewalt gegen Frauen in Brüssel
Фотографија: AFP/K. Tribouillard

Според податоците на Обединетите Нации, во 2017 година просечно дневно 117 жени и девојчиња биле убиени од својот партнер или член на семејството. Многу од жртвите биле убиени поради својот статус на жена, поради љубомора или страв од напуштање. Кога условите за живот се тешки, како сиромаштија или војна, се зголемува и насилството врз жените. Во многу земји насилството врз жените - силување, ропство или убиство - се дел од систематските средства на водење војна. ОН објавија и дека годишно во светот се случуваат по околу 5000 т.н. убиства за заштита на честа. Притоа, роднините ја убиваат жената поради тоа што наводно ги прекршила верските или традиционалните обичаи. Убиствата се извршуваат со стрелање, каменување, палење, давење или малтретирање до смрт.