1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Протест во боите на виножитото

СН/агенции
24 јуни 2021

УЕФА го забрани осветлувањето Арената во Минхен во боите на виножитото, што се толкуваше како протест против контроверзниот унгарски ЛГБТИ-закон. Многу институции најдоа други начини за „шаренолик“ израз на мислењето.

https://p.dw.com/p/3vT77
Fußball EM - Regenbogen-Beleuchtung in Frankfurt
Фотографија: Boris Roessler/dpa/picture alliance

Осветлувањето на стадионот во Минхен во боите на виножитото, кое не беше одобрено од УЕФА, предизвика жестоки дебати на денот на последниот натпревар од групата на ЕУРО 2020 меѓу Германија и Унгарија.

Во знак на протест против одлуката на УЕФА и во прв ред против спорниот унгарски закон кој го ограничува правото на информирање на младите за теми како хомосексуалноста и транссексуалноста, бројни фудбалски стадиони во Германија, како на пример во Берлин, Франкфурт ( на насловната фотографија), Дизелдорф, Келн, Волфсбург и Аугсбург блескаа во шарени бои вчеравечер.

Европскиот парламент го постави знамето на виножитото пред зградата на парламентот во Брисел за време на натпреварот. Како и во Минхен, знамиња на виножито се вееја пред градските собранија и јавните институции во многу германски градови.