1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предбожикна празнина

СН/дв
22 декември 2020

Волку празно, кратко пред Божик, не било никогаш досега во централните делови на германските градови. Во целата земја во сила се остри корона-рестрикции.

https://p.dw.com/p/3n2BH
BdT Deutschland Frankfurt Weihnachtsbaum
Фотографија: Michael Probst/AP Photo/picture alliance

Улиците и плоштадите на Франкфурт во овој период од годината вообичаено се преплавени со луѓе, собрани на прекрасните божикни панаѓури во градот. Сега, во германската финансиска метропола, сето изгледа сосема поинаку и само ретки поминувачи можат да се видат на пустите украсени улици во центарот на градот.