1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Порака за мир во Украина во германска нива

СН/агенции
8 март 2022

Веќе тринаесетти ден беснее војната во Украина. Кон секојдневните апели за мир со впечатлива акција се придружи и германски земјоделец.

https://p.dw.com/p/489I0
BdTD | Deutschland | Peace Zeichen auf Feld bei Erfurt
Фотографија: Steve Bauerschmidt/IMAGO

Нивата на Ридигер Риц се наоѓа во германското место Ермштед во близина на градот Ерфурт, на илјада километри од границата на Украина. Германскиот земјоделец реши да им се придружи на секојдневните апели за мир во Украина исцртувајќи со својот трактор огромен знак за мир. Знакот за мир во нивата на Ридигер Риц има пречник од 200 метри.