Поради корона, во Келн геј парада на велосипеди
12 октомври 2020Поради пандемијата на коронавирус, традиционалната шарена парада за Кристофер Стрит Деј во јули, на која редовно се собираат стотици илјади учесници од цел свет во ексцентрични костими, годинава беше откажана. Но, целта на оваа алтернативна програма беше сепак да го сврти вниманието на проблемите на ЛГБТ- лицата и да им искаже поддршка. Велосипедскиот протест се одржа под строги хигиенски правила и забрана за консумирање алкохол.
Парадите на Кристофер Стрит Деј секое лето се потсетување на настаните од Њујорк во 1969 година, кога посетителите на мотелот „Стоунвол“ се побуниле против самоволните контроли и шиканирања. Конфронтацијата прераснала во неколкудневни судири меѓу хомосексуалната заедница и полицијата, влегувајќи во историјата како клучен момент за развој на модерното движење на хомосексуалците во САД.