1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Очајничка борба со огнот

3 август 2021

Жена се обидува со гранка да го изгасне огнот кој се шири. Фотографијата е направена во Турција, но вакви глетки има и во повеќе држави на југот на Европа.

https://p.dw.com/p/3ySIC
BdTD Türkei Waldbrände
Фотографија: dpa/AP/picture alliance

Турција е посебно погодена од шумските пожари, кои се шират посебно по должината на брегот на Средоземното Море, во близина на туристичките летувалишта. Досега осум лица го загубија животот во огнената стихија во Турција, каде од средата минатата недела се регистрирани 130 пожари.

ЕУ испрати три авиони за гаснење на огнот, преместувајќи ги од Шпанија и од Хрватска, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази благодарност.