1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Огнена апокалипса

СН/агенции
22 мај 2021

Грчките пожарникари и натаму се борат со повторното разгорување на жариштето на големиот шумски пожар кој од средата беснее во областа Коринт и на западот од полуостровот Атика.

https://p.dw.com/p/3tnw3
Weltspiegel 21.5.21 | Griechenland Feuer in Schinos
Фотографија: Vassilis Psomas/REUTERS

Големиот шумски пожар досега претвори во пепел 55 квадратни километри а чадот од пожарот достигна до грчкиот главен град Атина, кој се наоѓа на полуостровот Атика.

Вчеравечер  имало помали пожари во целото подрачје, а до ноќта ги гаселе и авиони и хеликоптери.

Силните копнени пожарникарни сили продолжиле со гасењето на огнот и за време на ноќта, но не можат да стигнат до непристапните места каде и натаму беснее пожарот и оттаму се шири, пренесува атинскиот весник „Катимерини“.

Уште некои од низата селски населби се евакуирани вчера попладне поради безбедност од повторно разгорување на пожарот.

Метеоролшката служба во Атина процени дека катастрофалниот пожар се ширел брзо бидејќи во таа област воопшто не паднал дожд цел месец, а од средината на февруари слаб дожд имало само шестпати.

Покрај тоа за ширење на пожарот придонесол и многу силниот ветер, со брзина од 60 километри на час и, како што велат метеоролозите, веќе во четвртокот пожарот добил особина на „екстремен феномен“.