1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Најтежок земјотрес во Албанија со децении

26 ноември 2019

Во најтешкиот земјотрес што ја погоди Албанија во последните три децении загинаа најмалку три лица. Повеќе згради се урнати.

https://p.dw.com/p/3TjJn
Albanien Erdbeben
Фотографија: Reuters/F. Goga

Потресот, според наводите на Американската агенција за геолошки истражувања УСГС, имал јачина од 6,4 степени, а епицентарот се наоѓал на 30 километри западно од Тирана, на длабочина од 10 километри. По првиот потрес следуваа уште неколку силни афтершокови. Најмногу погодени се пред сѐ Тирана и Драч. Ова е втор тежок земјотрес во Албанија во период од три месеци. Во земјотресот со јачина од 5,6 степени, што се случи во септември, беа оштетени 500 објекти.