Најсончев март
1 април 2022Реклама
Оваа година Германија го доживеа најсончевиот март од почетокот на бележењето на временските услови во 1951 година. Првиот месец од пролетта беше исклучително сув, благ и сончев. Не е ни чудо што црешите годинава процутеа многу порано од вообичаено - како на оваа фотографија направена во Хамбург. Но од вчера сликата е сосема поинаква со оглед на поларниот бран кој ја зафати земјата и со себе донесе многу облаци и снег.