1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мистериозни скулптури на пенис „никнуваат“ во Германија

БГ/ ДПА
24 април 2021

Кој поставува дрвени скулптури на фалуси низ градовите во јужна Германија? Локалните жители со месеци се исчудуваат на праксата која започна минатата година. „Уметникот“ се уште не е откриен.

https://p.dw.com/p/3sUsQ
Deutschland "Kulturdenkmal" Holzpenis auf dem Grünten
Фотографија: Karl-Josef-Hildenbrand/dpa/picture alliance

Појавата на уште една скулптура на дрвен фалус во јужната германска покраина Баварија повторно ги збуни локалните жители.

Големиот пенис одеднаш се појави среде крстосница во градот Хајменкирх.

Не знаеме кој стои зад оваа „уметност“, вели градоначалникот на Хајменкирх Маркус Рајхарт.

„Но одговара: Ние сме силна и потентна заедница, и сега е време за пролетна треска“, додаде Рајхарт.

Се уште не е одлучено дали локалните власти ќе ја остават скулптурата на тоа место.

BdT «Kulturdenkmal» Holzpenis auf dem Grünten steht wieder
Скулптурата во Гринтен беше и туристичка атракцијаФотографија: Karl-Josef Hildenbrand/picture alliance/dpa

Големи дрвени пениси во повеќе наврати се појавуваат во Баварија последниве недели- но веднаш потоа, по само неколку дена, исто толку мистериозно  исчезнуваат.
Најпознатата скулптура се појави во градот Гринтен, и таа во повеќе наврати беше уривана и повторно враќана на истото место, се додека не беше целосно отстранета и уништена.
Се уште не се знае кој стои зад скулптурите.