1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Исповед во Украина

14 март 2022

Жена војник во украинската армија се исповеда пред да стапи во брак во Бровари, град кој се наоѓа во пошироката област на Киев.

https://p.dw.com/p/48Qkk
BdTD | Ukraine
Фотографија: Chris McGrath/Getty Images

Љубовта не признава војна! На оваа фотографија жена војник во украинската армија се исповеда пред свештеникот и член на санитетска единица Јевхен пред да стапи во брак со својот избраник во градот Бровари. Бракот е склучен во болницата во градот кој се наоѓа во пошироката област на Киев.

Украинската православна црква вчеравечер соопшти дека еден свештеник загинал во борбите во источноукраинскиот град Воноваха. За украинските воени сили, според податоци од декември 2021 година, работат околу 100 воени душегрижници од различни конфесии. Најголемиот дел од нив припаѓаат на Украинската православна црква.