1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Заштита од гранатите и за статуата на Данте во Киев

СН/агенции
24 март 2022

Веќе 29 дена беснее војната во Украина. Руските воени дејствија сѐ позасилено се насочени кон Киев. Покрај локалното население, градските власти се обидуваат од руските гранати да ги заштитат и културните добра.

https://p.dw.com/p/48xn6
BdTD Ukraine | Schutzmantel für Dante Statue in Kiew
Фотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Вработените во градската управа на Киев завршија со покривање на статуата на италијанскиот поет и филозоф Данте Алигиери со вреќи со песок за да се заштити од потенцијална штета од руското гранатирање, кое е сѐ поинтензивно во последниве денови од руската инвазија на Украина.  Статуата, дело на скулпторот Лучијано Масари, беше инаугурирана во 2015 година по повод 750- годишнината од раѓањето на Данте.