1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

„Жетвата“ на медали започна

СН/агенции
24 јули 2021

На Олимписките игри беа доделени првите медали. Кина е освојувач на првиот од вкупно 339 златни медали, кои се доделуваат во Токио.

https://p.dw.com/p/3xyEw
Olympische Sommerspiele 2020 | Medaillen
Фотографија: Issei Kato/REUTERS

До големото финале на Летни олимписки игри на 8 август 2021 година, околу 11 илјади спортисти ќе се борат со златото, среброто или бронзата.

Медали можат да се освојат во вкупно 33 спортови, а злато ќе биде доделено точно 339 пати.

Првиот златен медал на Олимпијадата веќе го освои кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг, откако триумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.

Повеќе:

-Токио 2020: „Проколнатата“ Олимпијада проследена со скандали

-Фотографија на денот: Старт на „пандемиската“ Олимпијада

-Олимпијадата без публика е добра одлука

Јанг до златото стигна буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 251,8 кругови што е нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Анастасија Галашина (251,1) од Русија, додека бронзата и' припадна на Нини Кристен од Швајцарија (230,6).

Денеска освен во стрелаштво треба да бидат доделени и медали и во велосипедизам, мечување, теквондо, џудо и кревање тегови .